Министерот за здравство во Романија, Виктор Костаке, поднесе оставка во екот на епидемијата на коронавирусот.

Оставката била донесена од „лични и професионални причини“.

Романскиот премиер Лудовик Орбан, ќе го предложи за нов министер за здравство досегашниот државен секретар во ресорното Министерство, Нелу Татару.

Орбан му заблагодари на Костаке за добрата соработка во изминатите пет месеци додека ја извршувал функцијата.

Бројот на починати од Ковид-19 во Романија е 17 лица, а 906 се зарзени.