Германскиот министер за здравство, Јенс Шпан, верува дека е можно да се релаксираат ограничувањата и мерките против коронавирусот по паузата за Велигден.

Предуслов за можните чекори за враќање кон нормална ситуација е населението да ги почитува сите ограничувања на движењето за време на велигденските празници.

– Со соодветна претпазливост, наскоро ќе може да си овозможиме понормално функционирање. Од друга страна, сигурен сум дека за поголемите настани, како фудбалските натпревари, ќе биде потребно подолго време за повторно да почнат – рече Шпан.

Министерот за здравство ги истакна и своите критериуми за постепено рестартирање на германската економија.

Главниот улов ќе биде работата во погоните да е безбедна за вработените и клиентите.

Шпан нагласи дека компаниите и индустриите кои ќе покажат дека имаат ефикасни протоколи за хигиена и за одржување растојание меѓу вработените, ќе може побрзо да им се вратат на секојдневните обврски.