Фото: Маја Јаневска-Илиева

Во Европската Унија (ЕУ) сѐ уште нема согласност за заклучоците за проширувањето во пресрет на утрешниот министерски состанок, со што спорот помеѓу Македонија и Бугарија е една од главните пречки, но не и единствена, објавија медиумите, пренесувајќи информации од МИА.

Опцијата за одвојување на Албанија од Македонија во процесот на евроинтеграциите „добила малку, односно никаква поддршка“ според дипломатските извори на МИА.

Членките на ЕУ слично како и минатата година не можат да ги усогласат заклучоците за проширувањето, со што доколку не изнајдат заеднички став, би била втора година едноподруго во која ЕУ не може да постигне согласност за ова прашање.

Се смета дека овојпат има поголема веројатност за словенечкото претседателство да настапи со заклучоци и имиња на земјите кои го поддржуваат проширувањето за разлика од лани кога немаше заклучоци, според брифирањето на бриселските дипломати за МИА.

Несогласувања има и околу Турција и Босна и Херцеговина.