Земјите ги отвораат своите граници низ цела Европа, знак дека летен одмор на Медитеранот сепак е можен, според списанието-водич „Тајм ин“.

– Португалија е отворена и туристите се добредојдени – рече министерот за надворешни работи Августо Сантос Силва рече во интервју за весникот „Обсервадор“. Иако копнената граница на земјата со Шпанија ќе остане затворена до 15 јуни, патниците кои пристигнуваат со авион нема да бидат ставени во карантин. Наместо тоа, тие ќе се соочат само со минимални здравствени контроли.

Откако земјата доживеа релативно тивка пролет, кафулињата и рестораните повторно беа отворени во мај. Хотелите и другите сместувачки капацитети ќе им се придружат од 1 јуни, при што локалните одбори за туризам ќе доделат нова ознака „Чисто и безбедно“ на хотелите и рестораните кои спроведоа нови мерки за хигиена.

Од локалното население и од туристите се бара постојано да одржуваат физичко растојание и да носат маски за лице или марами додека користат јавен превоз. Заштитни маски се препорачуваат и за сите јавни излети.

Публикацијата „Тајм аут“ (Time Out) – златна книга или водич за уметност, забава, храна и пијалоци, атракции, хотели и други работи што се нудат во најголемите градови во светот – неодамна се ребрендираше во „Тајм ин“ (Time In). Списанието со долга листа дестинации за храна, пијалок и забава во стотици градови ширум светот го смени името и го запре печатењето откако коронавирусот ги испразни улиците и ги натера неговите читатели да седат дома. Сега е достапно во онлајн верзија.