Експертот на Светската здравствена организација, Абди Махамуд денеска изјави дека СЗО од ноември будно го следи новиот сој на коронавирусот Б.1.640.2, кој беше регистриран од научници во Франција.

Постојат три типа на соеви – оние што ги следиме, оние кои предизвикуваат интерес и оние што предизвикуваат загриженост – рече Махамуд на брифинг во Женева, пренесуваат агенциите.

Тој додаде дека СЗО од ноември го следи сојот Б.1.640.2, како и две негови подваријанти.

Според Махамуд, СЗО ќе продолжи да го следи вирусот, вклучително и неговото можно ширење во другите европски земји.

Претходно медиумите објавија дека експерти од Универзитетската болница во Марсеј откриле нов сој на коронавирус и привремено го нарекле Б.1.640.2. Според првите податоци, на југот на Франција од овој сој се заразени 12 лица.

Нултиот пациент е повратник од Камерун, пишуваат светските медиуми.