Американските санитарни власти денеска ја одобрија третата доза вакцина против коронаворус на компанијата „Фајзер/Бионтек“ за деца од 12 до 15 години.
Третата доза за сите возрасни групи ќе може да се прими пет месеци по втората, наместо шест месеци како досега.

Одлуката е донесена во среде бранот од омикрон сојот на коронавирусот во САД, каде што учениците се спремаат за враќање во училиштата по распустот.

Американската агенција за лекови (ФДА), исто така, ја одобри третата доза на вакцината на „Фајзер/Бионтек“ за деца со послаб имунитет од 5 до 11 години. Тука спаѓаат и децата на кои им е пресаден орган.

Одлуката треба да биде потврдена од Центарот за превенција и контрола на болести.