Фото: Принт-скрин

Португалските гласачи заразени со коронавирус, како и оние кои се во изолација, ќе можат да ги напуштат своите домови за да гласаат на предвремените избори на 30 јануари, објави владата.

Вчера, Португалија, каде што беа вакцинирани речиси 90 отсто од 10 милиони луѓе, имаше рекордни 43.729 новозаразени со омикрон. Бројот на хоспитализирани и починати е значително помал во однос на претходните бранови.

Министерот за внатрешни работи Франциско Ван Дунем рече дека гласачите во изолација треба да гласаат од 18 до 19 часот, апелирајќи ги да не доаѓаат на гласање порано. Овие гласачи мора да носат маска и да држат дистанца, додека можат да го напуштат својот дом само за да гласаат.

– Потребен ни е договор кој ќе им овозможи на сите да гласаат безбедно – рече Ван Дунем, барајќи од изолираните гласачи да не стигнуваат до гласачките места со јавен превоз, туку пеш или со свои возила.

Граца Фреитас, шеф на јавното здравствено тело на СБС, рече дека нема да има специјално обележани избирачки места за лицата со ковид-19.

– Оваа одлука за одредување период на гласање нема целосно да ја спречи заразата, но ќе го минимизира ризикот – рече Фрејтас.

Изборите беа распишани откако парламентот го отфрли предлог-буџетот за годинава за малцинските социјалистички влади. Според анкетите, социјалистите на премиерот Антонио Коста имаат значителна предност, но веројатно недоволна за парламентарно мнозинство.