Mосква во февруари ќе побара од ЕУ да ја одобри руската вакцина

46

Русија следниот месец ќе поднесе официјална апликација за да добие одобрение од Европската унија за вакцината „спутник 5“, објави Кирил Дмитриев, шеф на рускиот Фонд за директни инвестиции (РДИФ), кој е покровител за оваа вакцина против коронавирусот.

Сумираните резултати за ефектот од вакцината ќе бидат објавени наскоро и ќе ја покажат нејзината висока ефикасност, изјави Дмитриев за Ројтерс.

Според него, „спутник 5“ ќе се произведува во седум земји. Регулаторните агенции на девет земји се очекува да ја одобрат руската вакцина за домашна употреба во јануари.

Вакцината е веќе одобрена во Аргентина, Белорусија, Србија и ушре неколку други земји. Русија, која има четврта земја во светот според борјот на заразени, планира да започне со масовна вакцинација следната недела.