Судот во Њу Делхи најави казни за одговорните лица кои нема да успеат навремено да обезбедат кислород за пациентите.

Владата се обидува да обезбеди доволно количество на медицински кислород за најзагрозените болници, каде има недостиг поради зголемениот број на пациенти на кои им е потребна хоспитализација.

Управите на неколку болници се под судска истрага поради недостиг на кислород и пропустот навремено да се обезбедат потребни количества.