Италијанската Влада денеска ја укина обврската за задолжително носење маски на отворено во повеќето ситуации, како одговор на подобрената ситуација со епидемијата на коронавирусот, додавајќи дека има намера да го зголеми бројот на гледачи кои можат да влезат на стадионите.

Според новите правила објавени од министерот за здравство, Роберто Сперанза, од 11 февруари до 31 март, маските ќе треба да се носат само во преполните простори или во внатрешноста на јавните простори.

Министерот Сперанца и министерката за спорт Валентина Вецали претходно изјавија дека владата има намера од 1 март постепено да го зголемува бројот на гледачи на стадионите.

Министрите во соопштија дека од овој датум имаат намера да го зголемат лимитот на 75 отсто од капацитетот за стадиони на отворено и на 60 отсто онаму каде се игра на затворен простор. Моменталните ограничувања се 50 отсто од капацитетот на отворено и 35 отсто за затворените простори.