Главниот специјалист за инфективни болести на САД, Ентони Фаучи предупреди дека се уште постои опасност од зголемување на хоспитализирањата иако првичните податоци покажуваат дека омикронот е помалку опасен.

-Единствениот проблем е што ако имате толку многу случаи на заразени, дури и ако стапката на хоспитализација кај омикрон е помала отколку кај делта-сојот, сепак постои опасност да имате голем пораст на хоспитализиции, што може да го преоптовари здравствениот систем – рече Фаучи.
Според американскиот центар за контрола и превенција на болести, се проценува дека сојот омикрон е одговорен за 58,6 проценти од инфекциите со коронавирус во САД на 25 декември.
-Сигурно ќе има многу повеќе случаи на инфекција бидејќи тој е многу позаразен од делта-сојот. Но, се чини дека омикрон би можел да биде помалку опасен, барем судејќи според податоците што ги собравме од Јужна Африка, Обединетото Кралство, па дури и некои прелиминарни податоци овде во САД- кажа Фаучи.