Само една доза од вакцината на „Фајзер“ предизвикува имунолошки одговор сличен на оној генериран од организмот по инфекцијата и обезбедува заштита од различни видови на вирусот за луѓето кои имале ковид-19, покажува најновата студија објавена во Велика Британија.

Студијата вклучува 237 лица и открива дека оние кои веќе биле подложени на Ковид-19 вирусот имале посилен имунолошки одговор на Т-клетките, дури шест пати посилен од оние кои не биле заразени, пренесува „Ројтерс“.

Авторот на студијата, Тишан де Силва од Универзитетот во Шефилд, рече дека кај оние кои го прележале Ковид-19, одговорот на вакцината бил ефикасен дури и во случај на мутирани, нови варијанти на коронавирусот , како што е варијантата од Јужна Африка.