Фото: Пиксабеј

Австралијците ќе мора да добијат дополнителни дози за да се сметаат за целосно вакцинирани против ковид-19, иако властите рекоа дека на странските патници сè уште ќе им требаат само две дози од вакцината за да влезат во земјата.

Австралиската национална влада доцна синоќа ги усвои ревидираните упатства на советодавната група за вакцинација, јавува „Ројтерс“.

– Статусот на вакцинација на лицето ќе се смета за задоцнет ако тоа лице не прими дополнителна доза во рок од шест месеци од другата доза – рече австралискиот премиер Скот Морисон.

Австралиските власти ги прогласија вакцините за задолжителни само за некои работници во клучните области, но многу приватни компании, вклучително и големи корпорации, ресторани и трговци на мало, ги поставија вакцините како задолжителен услов за влез во нивните капацитети.

Како резултат на тоа, оваа земја има најголем процент на вакцинирани во светот, бидејќи 94 проценти од оние над 16 години примиле две дози. Досега во таа земја се дадени речиси 10 милиони вакцини.

Австралиските власти објавија нешто помалку од 26.000 нови инфекции во изминатите 24 часа, од околу 30.000 вчера, додека се регистрирани 48 нови смртни случаи.

Така, вкупниот број на заразени од почетокот на пандемијата во Австралија се зголеми на 2,7 милиони, додека вкупниот број на починати се искачи на 4.479.