Фото: Пиксабеј

Австралија целосно ќе ги отвори границите за сите вакцинирани носители на визи од 21 февруари, изјави премиерот Скот Морисон откако земјата беше затворена за странци речиси две години за да се намали заканата од ширење на коронавирусот.

– Ако сте биле вакцинирани со втора доза, со нетрпение очекуваме да ве видиме во Австралија – нагласи Морисон на прес-конференција.

Австралија следи прилично срамежлива политика на отворање на своите граници од крајот на минатата година, дозволувајќи да влезат во земјата првина квалификувани мигранти, странски студенти и некои категории туристи.