Фото: Твитер/Армија на САД

Американските војници кои не сакаат да се вакцинираат против ковид-19 веднаш ќе бидат отпуштени, соопшти Армијата, додавајќи дека е неопходно да се одржи борбената готовност.

Мерката се однесува на војниците, резервисти и питомци, освен за оние кои имаат потврда за ослободување од вакцинација, се вели во соопштението. Пентагон воведе задолжителни вакцини за сите активни припадници на војската во август 2021 година.

Повеќето војници примиле најмалку една доза од вакцината, а 79 починале од ефектите на коронавирусот.

– Борбената готовност зависи од војниците кои можат да тренираат, да патуваат, да се борат и да победуваат во војни – рече високиот воен претставник Кристин Вормут. Според него, невакцинираните војници се ризик за војската.

Другите гранки на војската, вклучително и воздухопловните сили, веќе почнаа да отпуштаат војници кои ја одбија вакцината.