До крајот на јули, на сите постари луѓе во Велика Британија ќе им биде понудена вакцина за коронавирусот, истакна британскиот премиер Борис Џонсон.

Целта е да се заштити најранливиот дел од населението и да се преземат чекори за ублажување на некои од сегашните ограничувања.

Досега, повеќе од 17 милиони луѓе на островот ја примиле првата доза на вакцина, скоро секој трет возрасен.