Стапката на ширење на коронавирусот во Велика Британија се изедначува и може да почне да опаѓа, но сепак е на високо ниво поради што не може да има олеснување на ограничувањата, изјави премиерот Борис Џонсон.

– Почнуваме да забележуваме одредени знаци на изедначување, а можеби и пад на стапката на зараза и хоспитализации. Но, не заборавајте дека нивото е сè уште многу високо – им рече Џонсон на новинарите.

Тој додаде дека постои ризик ако се олабави „стисокот на вратот на ѕверот“, дека вирусот може повторно да излезе од контрола пред луѓето да се вакцинираат.