Американската Управа за храна и лекови (ФДА) соопшти дека фармацевтската компанија „Џонсон и Џонсон“ ќе мора да фрли повеќе милиони дози вакцина против Ковид-19, произведени во фабриката во Балтимор.

Истовремено, ФДА одобри употреба на 10 милиони други дози од вакцината.

Според Њујорк тајмс спорниот контингент вакцини опфаќа околу 60 милиони дози.

Производството на вакцини во фабриката во Балтимор беше стопирано во април откако беше откриено дека состојките во вакцината на „Астра Зенека“, што во исто време се произведуваа во фабриката, штетно влијаеле на една серија вакцини на „Џонсон и Џонсон“.