Наследничката на шпанскиот престол принцезата четиринаесетгодишната Леонор и нејзината една година помала сестра принцезата Софија се во карантин. Тие ке бидат  во самоизолација 14 дена, по првиот ден поминат на училиште, бидејќи соученичка на принцезата Леонор била позитивна на тестот за ковид-19, пренесува „Дејли мејл“.

Принцезата Леонор, наследничката на шпанскиот крал Фелипе Шести и нејзината сестра принцеза Софија ќе бидат тестирани за коронавирусот, како и сите други ученици од нејзиното одделение во мадридското училиште Санта Марија де лос Розалес. Кралот Фелипе и кралицата Летиција засеге ќе продолжат да ги извршуваат своите обврски, соопштил портпаролот на шпанското кралското семејство.

Осум милиони деца од Шпанија минатата недела се вратија во училиштата, а во некои се појавиле ученици заразени од коронавирус, поради што многу училишта се затвориле. Голем е број на новозаразените се на возраст помеѓу 14 и 18 години.