Државата Њујорк платила 69 милиони долари за респиратори, но тие никогаш не пристигнале.

Како што пишуваат американските медиуми, уплатата била извршена на име на Јарон Орден Пинс, кој немал позадина во работа со медицински материјали.

Орен Пинс, е електроинженер од Сан Франциско кој по повикот за респиратори на твитер-профилот на Трамп, напишал, „Ние можеме да го снабдиме Одделот за здравје со респиратори, инвазивни и неинвазивни. Некој нека ме побара веднаш”.

Нему му биле уплатени 69 милиони долари за околу 1.500 респиратори.

Њујорк го раскина договорот со компанијата и се обидува да ги врати парите.