Здравствената служба на јапонската влада го одобри користењето на вакцината на компаниите „Фајзер/Бионтек“, објави националната телевизија ХНК, чија вакцина е прва што доби одобрение за употреба во Јапонија.

Премиерот Јошинида Суга рече дека вакцинацијата може да почне следната недела, така што првите дози ќе бидат дадени на околу 10.000 здравствени работници, објави „Ројтерс“.

Јапонската влада се надева дека ќе обезбеди доволно вакцини за целото население до средината на годината.