Јапонското регулаторно тело за здравство ја одобри употребата на вакцината против ковид-19 на „Фајзер“ за деца постари од 12 години, потврди денеска претставник на Министерството за здравство.

Овој потег, со кој се намалува сегашниот праг на имунизација од 16 години во Јапонија, следуваше по одобрувањето во САД и во други земји овој месец, со што се овозможува употреба на вакцината на „Фајзер“ кај адолесцентите, пренесува „Ројтерс“.

Американската компанија „Фајзер“ во средата објави дека таа и нејзиниот партнер „Бионтек“ почнале со тестирање на вакцината против ковид-19 кај деца под 12-годишна возраст и дека се надеваат оти ќе ја прошират имунизацијата на таа возраст до почетокот на 2022 година.