Јапонскиот премиер, Шинзо Абе, изјави дека Јапонија им забранува влез на патниците од дополнителни 49 земји, вклучувајќи ги САД, Канада, Кина, Јужна Кореја и седум земји од југоисточна Азија.

Тоа значи дека државјаните на 73 земји повеќе не можат да влезат во Јапонија.

Абе рекол дека Владата ги заострила мерките и дека ќе биде неопходен 14-дневен карантин за странски и за своите државјани кои се враќаат во Јапонија.

Токио денеска пријави 65 нови случаи на коронавирус, откако вчера објави рекордни 78 новозаразени.

Во Јапонија потврдени се околу 3.000 случаи, меѓу кои и 712 на меѓународни крузери. Досега се регистрирани 78 смртни случаи.