Јапонското Министерство за здравство го одобри „дексаметазонот“, евтин и релативно ширококористен стероид, како втор лек против ковид-19 кога едно испитување во Велика Британија покажа дека овој лек ја намалува стапката на смртност кај хоспитализираните пациенти.

Министерството го вклучи „дексаметазонот“ како дополнителна опција за третман заедно со антивирусниот лек „ремдесивир“ во најновата ревизија на прирачникот за третман на пациенти заболени од коронавирус.

Во резултатите од студијата објавена во јуни истражувачите во Велика Британија го идентификуваа „дексаметазонот“ како прв лек што им ги спасува животите на пациентите со ковид-19.

Меѓу оние што го произведуваат овој лек е и јапонската компанија „Ничи-Ико“.