Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер предупреди дека ситуацијата во врска со пандемијата на коронавирус во земјата е крајно сериозна.

Тој посочи дека ситуацијата во Германија е пред излегување од контрола и најави воведување на драстични мерки од среда (16 декември).

– Вирусот е сè уште многу присутен. Затоа од среда ќе воведеме рестриктивни мерки што не се видени во историјата на нашата сојузна држава. Ситуацијата е многу сериозна. Се соочуваме со пандемија што избега од контрола и одзема илјадници животи секоја недела. Значи, нема начин да се избегнат драстичните мерки – рече Штајнмајер во видео порака до германскиот народ, пренесува агенцијата АП.

Штајнмаер апелираше до своите сограѓани да направат дополнителни напори и на тој начин да помогнат во спроведувањето на новите ограничувачки мерки.

– Пандемијата трае скоро една година, а сега најважно е да се зачуваат здравјето и животот на луѓето. Во последните месеци, поминавме долг пат, продолжуваме до крај заедно и се грижиме едни за други. Убеден сум дека пандемијата не може да ни ја одземе иднината – рече Штајнмајер и апелираше до граѓаните да избегнуваат божиќни пазарање во последен момент.

Претходно беше објавено дека германската канцеларка Ангела Меркел и премиерите на сојузните покраини се согласиле за воведување затворање на национално ниво кое ќе трае од 16-ти декември до 10-ти јануари.

Така, од среда во Германија ќе биде заторено речиси сѐ, освен продавниците за храна, аптеките и оптичарите.