Во Шпанија во изминатите 24 часа починаа 565 луѓе од коронавирус, што е за 20 помалку од претходниот ден.

Со тоа Шпанија, по Италија и Америка, стана трета земја во светот каде што вкупниот број на смртни случаи надмина 20.000 и во моментов изнесува 20.043.

Дополнително бројот на заразени за 24 часа се искачи за уште 4.499 лица и со тоа, вкупниот број на случаи кои се позитивни на вирусот изнесува 191.726, додека 74.662 лица оздравеле.