Околу 2.300 лекари и негуватели се заразени со коронавирусот во Германија, а тој број би можел да биде и поголем, според Институтот „Роберт Кох“.

– Се претпоставува дека сите случаи не се регистрирани – соопшти институтот.

Во податоците се опфатени вработените во болниците, но не и во лекарските ординации, лабораториите, домовите за стари лица и амбулантите.