Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел и комесарот на Европската комисија за управување со кризи, Јанез Ленарчиќ на Твитер објавија дека се во самоизолација.

И двајцата во одделни објави денеска напишаа дека нивниот последен тест бил негативен за коронавирус и дека чекаат дополнителни тестови.

Ленарчиќ рече дека нема симптоми и дека се чувствува добро.

– Ме известија дека еден член на делегацијата, кој минатата недела патуваше заедно со мене и Јанез Ленарчиќ во Етиопија, е позитивен на коронавирус. Бев негативен на враќањето во неделата. Одам да се самоизолирам според правилата и ќе чекам уште еден тест – објави Борел на Твитер.