Новороденче старо само шест недели почина од коронавирус во американската сојузна држава Конектикат.

– Тестирањето потврди дека новороденчето е позитивно на Ковид-19. Ова навистина е срцепарателно. Мислиме дека ова е најмладата жртва која починала од компликации поради коронавирусот во целиот свет – рекол гувернерот Нед Ламонт, пренесе „Раша тудеј“.
Гувернерот потврдил 429 нови случаи на коронавирус во оваа држава, како и 16 смртни случаи, вклучително и бебето.