Признавам, имаме доста смртни случаи од коронавирусот – им рече шведскиот епидемиолог Андерс Тегнел на колегите од Европа, Израел и САД во онлајн дебатата на здружението за дебати Кембриџ за различни модели на заштита на граѓаните за време на пандемијата.

Тој презентираше податоци за епидемиолошката состојба во неговата земја, оценувајќи дека бројот на случаи на инфекција на коронавирус е стабилен во последните неколку недели.

– Стапката на смртност не се зголемува. Здравствениот систем функционира, досега повеќе од илјадници пациенти се примени во одделенијата за интензивна нега, некои се отпуштени, а најмалку 20 отсто од капацитетот сѐ уште е достапен – рече Тегел и додаде дека основниот број за репродукција (Р0), просечен број на здрави луѓе што ќе ги зарази болен, е нешто над еден, пренесува „Вечерњи“.

Весникот посочува дека Тегнел останува на своите бројки и предвидувања за епидемијата, и покрај тоа што институцијата што ја води, Агенцијата за јавно здравје погрешила во пресметките и изнела нелогични бројки во јавноста.

Говорејќи за Стокхолм и околината, најтешко погодениот дел од земјата со повеќе од 6.000 случаи, заменикот на Тегнел, Андерс Валенсен, рече дека епидемијата достигнала врв на 15 април, дека се верува дека до 1 мај третина од жителите на Стокхолм ќе бидат заразени и дека на секој потврден случај доаѓаат илјада непотврдени.

Поради последниот податок се поставува прашањето како е можно Стокхолм, град со еден милион луѓе, да има шест милиони заразени.

Неколку часа подоцна, Агенцијата за јавно здравје издаде изјава во која се вели дека податоците не се точни и на крајот ја повлече презентацијата.

Бројот на починати во земјата надмина 2.000, но и покрај таа бројка, Тегнел, кој се стекна со култен статус во Шведска, инсистира на тоа дека нивниот метод за остварување социјална дистанца, што е клуч за контрола на заразата, е успешен.