Во последната земја во Европа каде не е воведен карантин е нереално тивко, со што не може да се издејствува поинаква одлука. Но бројот на жртви расте, а некои веќе израазуваат несогласување, пишува Дерек Робертсон од Малме, за „Гардијан“.

Преку мостот Оресунд, инженерското чудо кое ги поврзува шведскиот Малме и данскиот Копенхаген, вообичаено се превезуваат 70.000 луѓе дневно. Сега е морничаво празен. Данска воведе карантин строги гранични контроли поради коронавирусот. Од шведска страна мостот е се уште отворен, иако, разбирливо, малкумина патуваат.

Работејќи во моето локално кафуле, разгледувајќи на Твитер, гледам видеа од напуштените градови или армиски камиони кои ги превезуваат мртвите во Италија, опкружен со вообичаени групи на тинејџери, мајки со бебиња и повремено некој фриленсер.

На отворено, паровите шетаат рака под рака на пролетното сонце. Кафе-терасите во Малме полни се со гости. На плажата и околниот парк на Сибарп изминатиот викенд имаше луѓе на пикник и се правеше скара. Во близина, скејт-паркот и игралиштето имаше многу посетители. Никој не носеше маска.

Глобалната пандемија ги затвори европските економии и милиони луѓе низ целиот континент во своите домови. Но, овде, училиштата, спортски сали и целосно опремените продавници остануваат отворени, како и границите. Баровите и рестораните работат, а возовите и автобусите сè уште возат луѓе низ целата земја. Може дури и ако сакате, да одите во кино.

Во мерките на претпазливост што им се советувани на Швеѓаните спаѓаат забраната за собири на повеќе од 50 лица (ревидирано од 500 минатиот петок), избегнувањето социјален контакт со постари над 70 години или болни, и работењето од дома. Има услуга во баровите и во рестораните, се со цел, барем како што се чини, да ја смири јавноста дека шокантните слики од болниците во Италија и Шпанија не може да се случат овде.

Премиерот, Стефан Лофвен, ги повика Швеѓаните да се однесуваат „како возрасни“ и да не шират „паника или гласини“.

Сепак, паниката е токму она што многумина почнуваат да го чувствуваат во рамките на научната и медицинската заедница во Шведска. Петицијата потпишана од повеќе од 2.000 лекари, научници и професори, минатата недела, меѓу кои и претседателот на фондацијата Нобел, професорот Карл Хенрик Хелдин – ја повика владата да воведе построги мерки на заштита.

– Не тестираме доволно, не следиме, не изолираме доволно. Дозволивме вирусот да го пуштиме на слобода. Тие не водат кон катастрофа – рече професорката Сесилија Садерберг Науклер, истражувач за имунологија на вируси во Институтот Каролинска.

Тоа се силни зборови, но стоицизмот е начин на живот овде, како и неспротиставувањето на одлуките на власта. Тристагодишната историја на ефикасна и транспарентна јавна администрација и високо ниво на доверба во експертите и владините службеници, ја остави јавноста склона да верува во она што и е кажано, како и дека оние што го кажуваат тоа имаат најдобри намери.

– Имам доверба дека лекарите кои работат со владата знаат што прават, па затоа претпоставувам дека сме подготвени колку што можеме. Оваа хистерија што ја шират медиумите е далеку поопасна од самиот вирус – рече Роберт Андерсон, 50-годишен, менаџер на ај-ти компанија, кој живее во Стокхолм.

Триесетгодишниот Симон Странд деловен консултант во Стокхолм, се согласува.

– Нема причина да веруваме дека властите не обрнуваат внимание – рече тој.

Андерс Тегнел, главен епидемиолог од Шведска, кој го води справувањето со кризата од страна на владата, се залага за стратегија на ублажување. 

 – Дозволете вирусот да се шири полека, без да го преоптоварува здравствениот систем и без употреба на драконски ограничувања. Само не го нарекувајте имунитет на стадо – порача Тегнел. 

Тој и шведската влада категорично одбија да ја користат фразата „имунитет на стадо“, што се однесува на колективен имунитет.

Достапноста на Тегнел за медиумите кажува многу за транспарентноста и одговорноста што Швеѓаните ги очекуваат од јавните личности. Со критикувањето на начинот на кој Шведска се справува со ковид-19, тој има малку огорчен тон на човек уморен од повторување на очигледното, кога го прашуваат што мисли за растечката загриженост и барањето да се воспостави карантин во Стокхолм, со оглед на неодамнешниот скок регистрирани случаи таму. Во понеделникот Шведска соопшти дека регистрирани се 3.700 заразени и 110 смртни случаи.

– Да, има зголемување, но досега не е трауматично. Се разбира, ние преминуваме во фаза на епидемија каде ќе видиме многу повеќе случаи во следните неколку недели, повеќе луѓе на интезивна нега, но тоа е како и во секоја друга земја – никаде не успеаа да го забават тоа, пак значително се шири – објаснува Тегнел.

Најблиските соседи на Шведска во ЕУ – Данците, Финците и Норвежаните – прифатија стратегија на карантин, затворање на училиштата, работните места и границите уште пред неколку недели.

– Проблемот со тој пристап е што со тоа го исцрпувате системот. Не можете да воведете карантин да трае со месеци. Тоа е невозможно –  смета Тегнел.

Но, таквата состојба може да стане неизбежна.

– Владата смета дека не може да го спречи тоа, па реши да ги остави луѓето да умрираат. Тие не сакаат да ги слушаат научните податоци што им се презентирани. Тие слепо и веруваат на Агенцијата за јавно здравје, но податоците што ги имаат се слаби – дури и засрамувачки. Ние гледаме знаци за поголема стапка на зголемување на случаите во однос на Италија. Стокхолм наскоро ќе има акутен недостиг на места во интезивна нега, и не разбираат дека дотогаш ќе биде предоцна да се дејствува. Сето ова е многу опасно – рече Садерберг Науклер.

Одговорот на Тегнел на оваа критика беше остар.

– Нема докази дека правењето повеќе во оваа фаза би направило разлика. Далеку е подобро да се воведат строги мерки во многу специфични интервали и да се одржуваат што е можно помалку време – истакна Тегнел.

И покрај тоа што има постојана проценка на ситуацијата, Тегнел вели дека Шведска ја држи кризата под контрола.

– Веруваме дека веќе ги имаме воспоставено најважните мерки. Се разбира, можеби ќе треба да направиме повеќе работи, но сè уште не сме дошле до таму – посочи тој.

Засега, Швеѓаните се чини дека веруваат во него, размислувајќи за нивните секојдневни рутини, прашувајќи се дали ,а не кога, може да се достигне таа точка. Тегнел и владата го поставија својот пат, но и покрај тоа што е тешко да се сомнева во нивната искреност, тешко е и да се преиспита начинот на справување на Шведска во однос на напорите ширум Европа. Можеби има Швеѓани што приватно го чувствуваат истото, но засега не се подготвени јавно да ги искажат ваквите грижи.

Орла Вигси, професорка за комуникации во кризи при универзитетот во Гетеборг, прави резиме на дилемата, велејќи „Луѓето почнуваат да прашуваат дали другите се глупави и параноични или Шведска го прави тоа погрешно“.