Шведските здравствени власти денес ја проширија употребата на вакцината на „Астразенека“ за лица над 65 години, по новото британско истражување.

Досега Стокхолм не ја препорачуваше вакцината за луѓе над 65 години, повикувајќи се на недоволни научни податоци.

– Три големи студии во Велика Британија сега покажуваат дека вакцината на ‘Астразенека’ обезбедува добра заштита, дури и за лица над 80 години, и дека нејзиниот заштитен ефект може да се спореди со оној на другите одобрени вакцини – се вели во соопштението.

И Белгија, Германија и Франција ја одобрија вакцината на „Астразенека“ за лица над 65 години.