Шведска нема да дозволи влез на странски државјани од Велика Британија и од Данска поради појавата на новиот мутиран вид коронавирус во тие земји. Ова е првпат од почетокот на пандемијата Шведска да ги затвори своите граници.

Повеќе од 40 земји досега забранија влез на британски граѓани.

– Со цел да се намали ризикот од ширење на овој вирус во Шведска, Владата донесе одлука денес да забрани влез на патници од Велика Британија и од Данска – рече министерот за внатрешни работи, Микаел Дамберг.

Забраната стапува на сила на полноќ. Покрај тоа, Шведска ќе ги прекине сите летови од Велика Британија на 48 часа.