Швеѓаните помлади од 65 години, кои примиле една доза на вакцината против коронавирус од „Астразенека“, како втора доза ќе примат вакцина од друг прозиводител, објави денеска Шведската здравствена агенција.

– На лицата под 65-годишна возраст, кои веќе примиле доза од ‘ваксзеврија’ (што е новото име на вакцината oд ‘Астразенека’), треба да им се понуди втора доза од друга таканаречена mRNA вакцина како што е онаа на ‘Фајзер’ / ‘Бионтек’ или ‘Модерна’ – посочи здравствената агенција во соопштението, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.