Шведска до 15 јули ја продолжи препораката за максимално ограничување на патувањето во странство за своите граѓани поради пандемијата на коронавирус и го пренесе тежиштето на патувањата внатре во земјата.

Продолжувањето до 15 јули, кое се однесува на сите страни од земјата, објавено е во моменти кога земјата објави дека од коронавирус починале над 3.400 луѓе. Но, се работи само за препорака, а не и за обврзувачка инструкција.

Премиерот Стефан Лофвен рекол дека под одредени усови дозволени се патувања внатре во земјата.

– Сакам да нагласам дека не значи дека сме се вратиле во нормала. За време на тие патувања, мораме да бидеме разумни и одговорно да ги почитуваме мерките – нагласил Лофвен.

Епидемиолозите предупредуваат да не се оди во посета на старите лица и максимално да се избегнуваат физички контакти.

Во Шведска не е прекината наставата во училиштата за деца помлади од 16 години, отворени останаа и кафулињата, рестораните и трговските центри, а населението е повикано да ги почитува мерките за физичка дистанца.

Во светот се критикува шведската стратегија, особено поради големиот број починати од колку во другите соседни нордиски земји, кои воведоа мерки за ограничување на движењето.

Во Шведска има 27.909 потврдени случаи и 3.460 починати од коронавирус.