Шведска објави дека има намера да воведе дигитален корона-пасош до летото.

– Почна спроведувањето на меѓународните процеси поврзани со техничките решенија и стандардите за докажување на вакцинацијата. Шведска треба да биде вклучена во ова – изјави министерката за здравство, Лена Халенгрен, на прес-конференција.

Со воведувањето на дигитална потврда Швеѓаните ќе имаат документ за вакцинација против коронавирусот, рече Андерс Игеман, министер за дигитален развој.

Потврдата за вакцинација треба да е во согласност со меѓународните правила и стандарди и да го гарантира правото на приватност.

Владата се надева дека пасошот ќе биде воведен на 1 јуни и предвидува и други земји да бараат доказ за вакцинација за влез во земјата или за присуство на конференции, музички фестивали и спортски настани.