Шведскиот парламент усвои закон со кој привремено ѝ се даваат на владата нови овластувања во борбата против пандемијата на коронавирусот, особено што дозволува првпат затворање на рестораните и претпријатијата.

Шведската влада сè уште не прецизира како и кога има намера да го спроведе законот, а бројот на смртни случаи од последиците на коронавирусот се приближува до бројките од првиот бран на пандемијата.

Новиот закон ќе ѝ овозможи на владата да воведе рестриктивни мерки во одредени области и да воведе глоби и санкции за непочитување на законот, што досега не беше случај.

Властите ќе може да ги затворат продавниците, трговските центри или јавниот превоз, па дури и да го ограничат бројот на лица на кои им е дозволено да се собираат на одредени јавни места наместо да воведат општи мерки.

Законот, сепак, не дозволува воведување карантин за сите жители.

Шведска, за разлика од остатокот од Европа, управуваше со пандемијата врз основа на препораките.

Кога станува збор за заштитни маски, тие веќе подолго време не се препорачуваат никаде на јавен простор, но од вчера се препорачуваат во јавниот превоз и само во сообраќаен метеж.

Во Шведска, која има 10,3 милиони жители, досега има повеќе од 48.000 лица заразени со корона, а 9.262 лица починаа како резултат на болеста.