Швајцарската влада одлучи почнувајќи од 28 мај да ги отвори верските објекти во земјата и да им дозволи да вршат верски обреди, како што се свадби и крштевки.

– Повторно се воспоставува нормален живот и владата одлучи да дозволи верски церемонии почнувајќи од 28 мај, или една недела порано од планираното – рече швајцарскиот министер за здравство Ален Берсет.

– Ова се однесува на миси, свадби и крштевки – прецизираше тој на прес-конференција.

Организаторите на ваквите собири сепак ќе мора да имаат список на присутните и нивни телефонски броеви кои би им ги предале на надлежните, доколку се јави потреба да се идентификуваат потенцијално заразени лица. Ваквите списоци според правните процедури ќе треба да бидат уништени по 14 дена од нивното добивање.

Швајцарија, која не воведе строги мерки како други европски земји, започна со олеснување на истите на 27 април.

Училиштата, продавниците, рестораните и музеите се отворени со препораки за одржување на физичко растојание и засилени хигиенски мерки.

Во Швајцарија, каде живеат 8,5 милиони луѓе, повеќе од 1.600 лица починаа од ковид-19.