Црковните ѕвона одекнаа денес напладне во Швајцарија, а насобраните со едноминутно молчење одбележаа една година од првиот смртен случај од коронавирус во земјата.

Швајцарскиот претседател Гај Пармелин ги повика граѓаните да им оддадат почит на повеќе од 9.300 лица што починаа од Ковид-19 во Швајцарија, објави „Ројтерс“.

Во катедралата „Нотр Дам“ во Лозана, во француското говорно подрачје, чуварот Ренато Хосл ја биеше камбаната „Ла Клеменс“ од 16 век.

Во април, кога избувна пандемијата, Хосл продолжил да се искачува по 153 камени скали до својата кула за да ја бие ноќе во знак на поддршка на граѓаните за нивната солидарност и храброст.