Чешка се понуди да ги откупи од Данска останатите дози од вакцината „Астразенека“, откако тие одлучија целосно да ја прекинат употребата на оваа вакцина.

– Подготвени сме да ја купиме вакцината ‘Астразенека’ од Данска – истакна чешкиот министер за внатрешни работи, Јан Хамачек.

Неколку земји досега ја ограничија старосната граница за употребата на оваа вакцина, но Данска е првата која се одлучи на целосен прекин, и покрај тоа што ваквиот потег може да предизвика одложување во кампањата за вакцинација.