Црни рекорди на заболени и починати од коронавирус во Индија четврти ден по ред.

Новиот рекорден број на заразени и починати од ковид-19 во текот на вчерашниот ден го зголеми притисокот врз болничкиот систем, кој се распаѓа под притисокот на бројот на пациенти и недостатокот на кислород и лекови, пренесуваат светските медиуми.

Со 349.691 нови случаи вчера, речиси 17 милиони луѓе се регистрирани во земјата од почетокот на пандемијата, објави Би-Би-Си.

Пренатрупаните болници избезумено со денови се обидуваа да набават кислород и но и ги одбиваат новите пациенти, а индиската влада ги ангажираше воздухопловните сили во обид да обезбеди испорака до болниците во најпогодените области.

Состојбата е особено сериозна во главниот град Делхи, каде пациентите умираат во болниците затоа што нема повеќе кислород.

Светската здравствена организација предупреди дека ситуацијата во Индија е „смртоносен потсетник“ за тоа што може да предизвика коронавирусот.

На почетокот на оваа година, индиската влада сметаше дека го победи вирусот.