Романија го забележа најголемиот дневен пораст на случаи на коронавирус, уште од појавата на пандемијата во земјата кон крајот на февруари.

Во последните 24 часа се регистрирани 2.158 нови инфекции, така што вкупниот број на заразени сега е над 128.000.

Романија, земја со повеќе од 19 милиони жители, досега потврди повеќе од 4.800 смртни случаи поврзани со вирусот.