Холандската влада ќе го продолжи полицискиот час, потврди министерот за правда.

Полицискиот час, кој во оваа земја беше воведен на 23 јануари, првпат од Втората светска војна, предизвика неколкудневни протести во повеќе градови.

Тимот на владини советници наведува дека ситуацијата е полоша од што се очекувала по прашање на инфекција и хоспитализација.

– Расте бројот на случаи на зараза со британскиот вид коронавирус и продолжуваме со полицискиот час – изјави министерот.

Новите случаи во Холандија сепак се во опаѓање, но владата продолжува со мерките бидејќи се очекува дека набргу ќе дојде до пресврт на тој тренд поради растот на заразата со новиот вид коронавирус.