Речиси 40 полицајци се повредени и тројца се хоспитализирани во центарот на Киев во судири со демонстрантите, кои се собраа против мерките за сузбивање на ширењето на коронавирусот, објави украинската полиција.
Неколку илјади луѓе се собраа во центарот на Киев да се спротивстават на епидемиолошките мерки што неодамна ги објавија украинските власти. Властите наредија затворање училишта, колеџи, продавници, ресторани, кина и спортски сали од 8 до 24 јануари.

Демонстрантите се обидоа да постават шатори на плоштадот во Киев, но полицијата ги спречи фрлајќи солзавец.

Во Украина, со речиси 40 милиони жители, регистрирани се над 909.000 заразени од вирусот, од кои 15.480 починале.