Францускиот премиер Жан Кастекс (55) денеска беше вакциниран со вакцината на „Астра зенека“, со цел да се врати довербата на граѓаните во британско-шведската вакцина.

Според порталот „Франс 24“, Кастекс вакцината ја примил во воена болница недалеку од Париз во директен пренос, со цел да докаже дека вакцината е безбедна.

Голем број европски земји објавија дека повторно ќе продолжат со употреба на вакцината на „Астра зенека“ откако европското регулаторно тело за лекови објави дека таа е безбедна и ефикасна.

Бугарија, Португалија, Холандија, Летонија, Литванија, Кипар, Германија, Франција, Италија и Шпанија веќе најавија дека ќе продолжат со имунизирање со вакцината на „Астра зенека“.

Шведска соопшти дека следната недела ќе донесе одлука за привремениот прекин.