Фото: Фејсбук

Францускиот премиер Жан Кастекс и пет белгиски министри се во самоизолација откако се дознало дека Кастекс е позитивен на коронавирусот, пренесува „Си-ен-ен“.

Кастекс, кој е вакциниран со две дози, по средба со министри во Брисел дознал дека неговата 11-годишна ќерка е позитивна на коронавирусот, по што направил тест со кој се утврдило дека и тој исто така е позитивен. Францускиот премиер по добивањето на резултатите се самоизолирал.

По средбата со Кастекс, белгискиот премиер Александер де Кро и четворица министри  исто така се во самоизолација, објавија белгиските медиуми.

Кастекс нема никакви симптоми и се чувствувал добро. Иако досега неколкупати имал контакт со заразени, меѓу кои била и неговата сопруга, тој досега се немаше разболено од вирусот.