Францускиот министер за здравство објави дека земјата ќе увезе милијарда маски од Кина.

Според здравствените власти, Франција може да произведе само осум милиони маски неделно, а потребни им се 40 милиони.

Во Франција од коронавирус во последните 24 часа починаа 319 лица со што бројот на починати сега изнесува 2.314 пациенти, покажуваат последните податоци.

Досега заразени се вкупно 37.575 лица, од кои 17.620 се сместени во болниците.

Ограничувањата во движењето се продолжуваат до 15 април.