Во Франција почна вакцинацијата против ковид-19 за млади од 16 и 17 години со болести поради кои се изложени на висок ризик од развој на тешка форма на ковид-19.

Тие ќе можат да се вакцинираат со вакцината на „Фајзер / Бионтек“, единствената што моментално е одобрена за лица со 16 и 17 години.

Претходно, здравствените власти утврдија список на патологии со висок ризик од развој на тешка форма на Ковид за постари возрасни групи.

На тој список се наоѓаат карциноми во фаза на третман, акутно и хронично заболување на бубрезите, трансплантација на органи, цистична фиброза, Даунов синдром и некои ретки болести.

Ваквите патологии влијаат на 800.000 возрасни лица, велат официјалните власти во Франција.

Деновиве владата го прошири списокот на оние кои можат да се вакцинираат за да се забрза кампањата.

Од саботата, секој на возраст помеѓу 18 и 50 години со коморбидитети може да се вакцинира, но изјавата од кандидатот е доволна и не е потребна медицинска препорака.