Во Франција и во Данска во изминатите 24 часа се регистрирани рекордени бројки на новозаразени од почетокот на пандемијата.

Франција пријави 13.498 нови случаи, што е најмногу новозаразени за еден ден.

Вкупниот број на случаи во земјата изнесува 442.194 лица. Неделниот просек на нови дневни инфекции се зголеми на повеќе од 9.700, во споредба со најнискиот 272 на крајот на мај, две недели по укинувањето на карантинот во земјата.

Данска вчера регистрира најголем дневен број на заразени од почетокот на пандемијата на коронавирусот – 589, соопштија властите во земјата.

Од почетокот на епидемијата во Данска се регистрирани околу 22.000 случаи на коронавирусот и 635 смртни случаи.

Властите од двете земји сметаат дека високите бројки се резултат на зголемениот капацитет на тестирања.