Франција и Велика Британија ја одобрија употребата на вакцината против коронавирус на американската фармацевтска компанија „Модерна“.

Франција соопшти дека е одобрена употреба на вакцината на „Модерна“, откако Европската агенција за лекови (ЕМА) даде зелено светло на 6 јануари.

Во соопштението се вели дека вакцината е ефикасна против коронавирус и може да се дава на лица над 18 години. Ова е втора вакцина чија употреба е одобрена во Франција, по вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“.

И британската регулаторна агенција за медицина ја одобри употребата на вакцината „Модерна“.

Досега, околу 1,5 милиони луѓе во Велика Британија примиле барем една доза од вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“.

Премиерот Борис Џонсон рече дека целта е да се вакцинираат 15 милиони луѓе во Велика Британија до средината на февруари.